На небото над Куба експлодира метеор чии делови паднаа на тлото. Според очевидци се појавила огнена топка и чад, а потоа „дожд“ од црни камчиња почнале да паѓаат врз туристичкото место Виналес и други делови во провинцијата Пинар дел Рио.
Експлозијата се слушнала и во Хавана.
Директорот на одделението за геологија при кубанскиот институт за геофизика и астрономија, Ефрем Хаимес Салгадо изјави дека е испратен тим експерти кои ќе ги соборат и анализираат примероците.