Published: Thursday, March 16, 2017 13:24
Едно лице е полесно повредено во експлозија во канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Париз.
Француската полиција соопшти дека се работи за писмо – бомба, објави АФП.
Повреден е службеник на канцеларијата, кому писмото му експлодирало во рацете и пред лицето при отворањето.
Инцидентот се случува еден ден откако на адреса на министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле беше испратен пакет во кој е утврдено дека имало експлозив, со мала разорна моќ, но доволна да предизвика сериозни повреди. Одговорноста ја презеде грчката анархистичка група „Заговор на огнените ќелии“.




