Published: Tuesday, November 24, 2015 08:47
Најмалку еден загина во експлозија на две бомби покрај хотел во египетскиот град ал- Ариш, најголем на Синајскиот полуостров, во кој биле сместени судиите ангажирани во изборниот процес.
Државната телевизија јави дека прво експлодирал автомобил бомба, а потоа се слушнала уште една експлозија во близина. Засега никој не ја презел одговорноста за инцидентот.
Експлозиите се случиле еден ден по затворањето на вториот круг од парламентарните избори. Ова не се први вакви напади на Исламската држава во синајската провинција. Екстремистите константно користат вакви методи за уривање на Владата во Каиро.




