Косовската полицијата соопшти дека доцна синоќа пред полноќ експлодирала направа пред седиштето на косовскиот парламент, но освен материјална штета повредени нема. Експлозивот бил фрлен од поголемо растојание, а косовските и српските медиуми информираат дека гранатата ја фриле двајца моторциклисти во движење.
Портпаролот на полицијата на Косово Даут Хоџа изјави дека во близина на зградата на парламентот бил пронајден запален моторцикл за којшто тие се сомневаат дека го користеле напаѓачите.
На овој настан му претходеа немири и тензии откако како последица на вчерашната ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Речиси целата опозиција беше против, но најголема гласност имаше движењето „Самоопределување“.
Насловна фотографија: Радио Слободна Европа




