Над 30 рудари загинале при експлозија во рудникот Засјадко во Доњецк, а спасувачките екипи се уште не пристигнале до местото на експлозијата, обидувајќи се најпрво да го неутрализираат отровниот гас соопшти шефот на безбедносните служби на рудникот Владимир Цимбаљенко.
– Се сомневаме дека до експлозијата дошло поради мешање на гас и воздух. Во моментот на експлозијата 47 работници биле во рудникот, а 33 во делот каде се случила несреќата, се наведува во соопштението кое го испрати едно од министерствата на самопрогласената Доњецка Народна Република.
Властите немаат никаква комуникација со рударите, кои се заробени на длабочина во рудникот.
Од 1999 до 2007 година во истиов рудник се случиле седум несреќи, а во најголемата во 2007 година загинаа 101 рудар.




