Published: Tuesday, October 25, 2016 11:05
На паркингот на Стопанската комора во Анталија се случи експлозија во која се повредени најмалку десетмина, јавија локалните медиуми.
Градоначалникот на Анталија Мендерес Турел изјави за телевизијата НТВ дека межу 10 и 12 луѓе се полесно повредени од делови од стакла.
Причините за експлозијата засега не се познати, а на самото место се наожаат коли на итната помош. Очевидец вели дека експлозијата ги искршила сите стакла во близина, додека новинар на агенцијата Доган тврди дека експлодирал автомобил.
Турција годинава беше погодена од низа експлозии од кои некои и се припишуваат на Курдската работничка партија, а некои на терориститите на нтр. Исламска држава.




