Published: Tuesday, January 12, 2016 10:23
Голема експлозија одекна во центарот на Истанбул, на плоштадот Султанахмет, покрај трамвајска станица во близина на Сината џамија и Аја Софија, во историското јадро на градот.
Според локалните власти има најмалку 10 загинати, и над 15 повредени. Корисниците на Твитер пишуваат дека пожарникари покриваат луѓе со ќебиња.
Пиротехничари стигнале на местото на нападот, а полицијата го запечатила подрачјето кое е преполно со туристи.
Се истражува причината за експлозијата, а полицијата верува дека се работи за бомбаш-самоубиец.
Првите снимки прикажуваат зачаден плоштад, превртени автомобили, меѓу кои и полициски, кои наспбраните луѓе го враќаат назад



