Published: Friday, November 6, 2015 13:53
Силна експлозија одекнала претпладнево во центарот на шведската престолнина Стокхолм, но засега нема прецизни информации за причините ниту за евентуални жртви или повредени.
Полицијата го затворила приодот до местото и според портпаролот во тек е истрага, но причните уште не се познати.
Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека најверојатно се работи за експлозија на гас.
Единствената видлива штета се искршените прозорци на околните згради. Во една од нив живее и сопственикот на тиражниот таблоид Експресен, но засега не постојат докази за поврзаност со експлозијата.




