Бројот на загинати во синоќешниот напад врз џамија во Кабул се зголеми на 21 лице, а повредени се 33, меѓу кои и неколку деца, објави авганистанската полиција.

Како што појаснија жители на градскиот кварт Кер Кана, каде се наоѓа џамијата Сидикија, нападот го извршил бомбаш самоубиец. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот, што се случил за време на синоќешната молитва.