Голема експлозија одекнала близу автобуска станица во јужниот дел на Турција во градот Дијарбакир, а турските медиуми пренесуваат дека има неколку жртви.
Според Ројтерс, 14 луѓе, меѓу нив и полицајци и цивили биле повредени по експлозија на автомобил-бомба во близина на комбе во кое се пренесувале службеници на специјалните сили.
Дијарбакир е постојано мета на напади помеѓу турската влада и Курдската работничка партија.
Овој напад доаѓа непосредно по утрешната најавена посета на турскиот премиер Ахмет Давутоглу во Дијарбакир.