Published: Friday, September 16, 2016 12:03
Најмалку 16 лица се повредени, од кои едно потешко во експлозија што го потресе францускиот град Дижон, јавија локалните медиуми.
Засега не е утврдена причината за експлозијата, но се претпоставува дека е гас.
Од силната експлозија делумна е урната една зграда, а очевидци велат дека со раце се обидуваат да ги откопаат преживеаните од под урнатините.
На самото место има и противпожарни служби кои се обидуваат да го запрат истекувањето на гасот и да го локализираат пожарот.
Градоначалникот на Дижон изјави дека експлозијата според првичните информации, ова нема врска со тероризам.




