Published: Saturday, December 10, 2016 21:31
Силна екслозија се случила вечерва пред фудбалскиот стадион во Истанбул, по завршувањето на натпревар меѓу два големи спортски тимови, во која најмалку 20 луѓе се повредени, пренесе Гардијан.
Експлозијата дошла од бомба која била поставена во автомобил пред стадионот во центарот на градот, соопшти министерот за внатрешни работи, Сулејман Солу.
Полицијата ги затворила улиците околу областа, јавува Ројтерс. Излегоа и тв материјали на кои се гледа изгорен автомобил но и два посебни пожари на патот надвор од стадионот.




