Published: Saturday, March 19, 2016 11:21
Нова експлозија во Турција, само недела дена по нападите во Анкара. Во Истанбул утрово одекнала бомба во трговски центар во кој имало многу луѓе, а кој бил популарен и кај туристите. Според Си-Ен-Ен Турк, најмалку тројца загинале.
Според турските медиуми, повредени се неколку луѓе од експлозијата во Авенија Истиклал. Над местото на експлозијата кружеле хеликоптери и возила на Брза помош.
Се работи за многу попларен регион на Истанбул, каде што има голем број на бутици, арт-галерии, театри, кафулиња и слично.
>> ВИДЕО: Во експлозија во центарот на Анкара загинаа 27 луѓе, 75 се ранети
Повеќе детали се очекуваат подоцна во текот на денот.




