Полицијата на Њујорк во моментов спроведува акција по како што известуваат американските медиуми, можна експлозија близу автобуска станица. Еден човек е приведен.
Сведок кој што го цитира Си-Ен-Ен вели иако носел слушалки, слушнал две експлозии.
„Звучеше како да доаѓа од метрото но ова само претпоставувам. Како да слушнав две експлозии. Како излегував од метрото гледав само полиција и специјални тимови насекаде“, изјавил сведокот.
Њујоршката полиција потврди преку Твитер дека во моментов спроведува акција.
„Полицијата спроведува акција по информации за експлозија во Менхетен. Се евакуира метрото, засега само тоа можеме да кажеме“, се вели во објавата.
На местото се излезени полициски и амбулантни возила.