Силна експлозија се случи утрово во нуклеарната електрана Фламанвил во северозападниот дел на Франција, пренесува порталот РТ. Според првичните извештаи има и повредени.
Инцидентот се случил во 10 часот по локално време, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор, според кого експлозијата била во срцето на нуклеарната електрана, но надвор од нуклеарната зона.
– Се заработи за сериозне технички проблем, но не и за нукеларен инцидент. Причината за експлозијата ќе биде утврден со истрага, но најверојатно се работи за краток спој, изјавил за Спутник Оливер Мармион, директор на канцеларијата за префектурата Манш.
Локални претставници на регионот Манш, каде што се наоѓа електраната наведуваат дека пет луѓе имаат „лесно труење со чад“, но дека нема потешко повредени.




