Published: Wednesday, July 27, 2016 17:44
Во градот Нирнберг во Германија, во близина на прифатен центар за мигранти, одекнала експлозија а досега нема информации за повредени.
Германските телевизии јавуваат дека куфер полн со разни конзерви експлодирал во близина на бегалскиот центар.
– Безбедносните служби се на терен. Нема опасност во рамките на областа, порача баварската полиција на Твитер.
Експлозијата одекнала на околу 200 метри од самиот центар, а се случува неколку дена откако Сириец, барател на азил се саморазнесе во Ансбах за време на музичи фестивал.
Истиот тој ден, 21-годишен бегалец уби бремена Германка со мачета и повреди уште неколку други во Рутлинген.




