Силна експлозија ја разнесе зградата во која се наоѓа суши ресторанот во Ист Вилиџ на њујоршки Менхетн. Зградата е делумно разурната, а по експлозијата се гледа силен оган и чад до небото. Во зградата се заробени околу 40 луѓе. Според првичните информации околу 30 луѓе се повредени од експлозијата и уривањето на зградата, меѓу нив и двајца пожарникари, објави Њујорк тајмс. Едно лице е во критична состојба.
Пожарот се проширил на уште две згради, а на местото веднаш биле испратени 130 пожарникари и 30 екипи за спасување и гаснење на пожарот. Полицијата веднаш го опколила местото каде што се случи експлозијата, каде што беснее пожарот, во згради во близина на 7-та Улица и Втората авенија.

Њујоршките пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици што се извиваат кон небото и да спречат тие да се рашират на другите згради во околината.
„ Првиот и вториот кат од зградата се уништени“, рекол еден сведок и додал дека експлозијата се случила во суши-бар сместен во станбената зграда.
Експлозијата се случила на првиот кат, каде што има ресторани, салон за убавина и бутик.




