Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експлозивниот напредок на Бјанка Андрееску: Од 208. на ВТА листата до круна на Ју-ЕС опен

0
By Нова ТВ on September 8, 2019 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 8, 2019 18:39

Во септември лани беше 208 тенисерка во светот, а на најновата ВТА ранг листа што ќе биде објавена утре ќе биде петта. Со таква динамика во изминатите 12 месеци напредуваше Бјанка Ванеса Андрееску (19), сензационалната освојувачка на годинашното издание на Ју-Ес опен. Канадската тенисерка со романско потекло во финалето славеше со 6:3, 7:5 над Серена Вилијамс која по вторпат во низа не успеа до титула на „Флешинг Медоу“ (лани загуби од Наоми Осака).

„Ве разбирам дека сакавте Серена да победи, па жалам што не излезе така“, се обрати 19 годишната Андрееску до публиката по мечот која во слободното време обожува да медитира.

Андрееску си обезбеди место во тениските анали. И го заслужи. Одигра феноменално, не само финале, туку во текот на целиот турнир, а бројките што стојат зад нејзиното име по Њујорк се импресивни. Вклучувајќи го мечот со Серена Вилијамс, тинејџерката од околината на Онтарио има биланс од 8 победи и ниту еден пораз во дуелите со ривалки од топ 10. Во историјата влегува како прва тенисерка што во дебитантското учество во главната ждрепка на Ју-Ес опен успеала да ја освои титулата.

Зад Серена Вилијамс можеби беше целиот стадион „Артур Еш“ во Њујорк, но зад Андрееску беше целата нација во Канада.

„Навистина брзо напредуваше и таа сега ќе биде голема ѕвезда во земјата. Цела Канада ја гледаше во финалето. А, не така одамна, само страствените тениски фанови знаеја за неа. Сега ја запознаа сите“, напиша канадскиот спортски новинар, Елиот Фридман.

Победничката низа на Канаѓанката е 14 меча и во Њујорк се промовира во прва тинејџерка со грен слем титула по Марија Шарапова во 2006 година. Во текот на 2019 година има 34 триумфи и само четири порази, а викендот се израмни на листата по брзина на освојување на турнир од големата четворка. Пред Ју-Ес опен настапи во главна фаза на уште три грен слем турнири колку што ` беа потребни за собирање на искуство и на Моника Селеш пред походот до трофејот на Ролан Гарос во 1990 година. Со помалку од пет учества на гренслем турнир до финале во минатото стигнаа уште четири тенисерки – Пем Шривер, Крис Еверт, Венус Вилијамс и Наташа Зверева, но ниту една од нив не излегла како победничка.

„Бјанка за многумина беше фаворит за победа на Ју-ЕС опен. Начинот на кој победи во Индијан Велс, начинот на кој ја освои и титулата на „Роџерс Куп“ ја профилираа во тенисерка за големи мечеви“, истакна Пем Шривер во разговор за www.usopen.org.

Андрееску ќе биде заведена во историјата на „белиот спорт“ како прва Канаѓанка со гренслем титула. Родена е на 16 јуни во 2000 година, девет месеци по освоениот прв гренслем турнир на Серена Вилијамс во кариерата. По најголемиот успех во кариерата, таа беше затрупана со честитки од сите страни на социјалните мрежи, се јавија нејзините колеги и сонародници Васек Поспишил, Феликс Оче Алиасим и Јуџин Бушар, канадскиот премиер Џастин Трудо, НБА тимот на Торонто Репторс, хокеарската екипа на Торонто Мејпл Лифс, гренслем шампионките Били Џин Кинг, Мери Пирс и Симона Халеп, холивудската ѕвезда Криси Тиген и многу, многу други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.