Published: Wednesday, December 17, 2014 11:19
Талибански екстремисти упаднале во банка во Авганистан. За сега нема официјална информација колку луѓе имало вкупно во банката.
Портпаролот на полицијата Фарид Ахмад Обаид за медиумите потврди дека во нападот учествуваат четворица.
– Еден ја активира својата експлозивна направа а другите тројца се пресметуваат со безбедносните сили, вели тој.
Пакистански талибанци, вчера изведоа масакар во воена школа во Пешавар, убивајќи 141 од кои 132 ученици во училиштето.
Целта на талибанците и во Пакистан и во Авганистан им е да ги срушат владите на своите земји и да воведат исламска држава.




