Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е најлошиот можен гостин што Еквадор некогаш го имал – не си ја чисти собата, открива тајни, се меша во се и – не знае кога ќе си замине.
Токму поради ова, четири години откако тој најде засолниште во еквадорската амбасада во Лондон, тензиите меѓу него и неговите домаќини растат и стануваат очигледни, пишуваат светските агенции.
Последен таков „курцшлус“ се случи во вторникот кога на Асанж му беше прекинат Интернетот поради тоа што Викиликс објавил информација која влијае на „американските избори“ – хакирана електронска пошта на претседателската кандидатка Хилари Клинтон. Протекувањето на овие информации ја довело еквадорската амбасада во непријатна ситуиација.
Одобрувајќи му заштита Еквадор застана зад аргументите на Асанж дека обвинувањата за силување во Шведска се само изговор за негово екстрадирање во САД. Но, според реакцијата, се чини претерал во вплеткувањето на Викиликс во американските избори со објавувањето на информации кои ја доведоа Клинтон во незгодна ситуација и всушност му помагаат на републиканскиот ривал Доналд Трамп.
-Владата се плаши бидејќи претпоставува дека Клинтон ќе победи и со тоа би можела да ги натера за платат за ова , изјави поранешниот амбасадор на Еквадор во Лондон Маурисио Гандара.
Викиликс во понеделникот го обвини Еквадор дека му го укинал интернетот на Асанж на барање на државниот секретар на САД Џон Кери, што Стејт департментот и Еквадор веднаш го демантираа.
Сепак Еквадор упорно и изразува поддршка на Клинтон и сака добри односи со САД бидејќи е во голема рецесија. Оваа земја всушност е во преговори со ММФ и со Светската банка за нови заеми.
Не се знае колку Асанж би можел да остане во еквадорската амбасада. Живее во мал апартман, скромно, има лента за трчање, микробранова печка и мини солариум, а досега погоолем дел од времето го минувал на Интернет.




