Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ел Паис“ до тајни документи: Што НАТО и САД ѝ одговорија на Русија за безбедносните гаранции и за Украина

0
By Sashko on February 2, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 2, 2022 12:50

Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави тајни документи за договорот меѓу САД и НАТО, во кои се наведува дека клучните барања на Русија во однос на проширувањето на НАТО блокот на Исток и официјално се отфрлени.

Во документите до кои дојде весникот се наведува намерата на САД и НАТО во наредниот период да разговараат за одредени барања со Русија, како и можноста за соработка во одредени области.

Писмените одговори на декемвриските предлози на Москва во голема мера го одразуваат тоа што западните претставници јавно го кажаа за време на тензичните разговори.

НАТО ја обвинува Русија за „значително, неиспровоцирано, неоправдано и постојано“ воено зајакнување околу Украина и Белорусија. Блокот ја повтори својата поддршка за „правото на другите земји да избираат или менуваат безбедносни аранжмани“, отфрлајќи го руското барање Украина да не може да стане дел од Алијансата.

Блокот, предводен од САД, негираше дека ѝ се заканувал на Русија и тврди дека „подава рака на пријателство“, нудејќи ѝ на Москва дијалог по крајот на Студената војна во раните 1990-ти.

Според сега објавените документи, НАТО нуди општа транспарентност и мерки за градење на доверба, како што се размена на извештаи за меѓусебни воени вежби, консултации, воспоставување телефонска линија за цивили и повторно воспоставување соодветни мисии во Москва и Брисел.

Вашингтон соопшти дека е подготвен да разговара за „реципрочните обврски и на САД и на Русија за воздржување од распоредување офанзивни ракетни системи на копно и постојани сили со борбена мисија на територијата на Украина“.

Што се однесува до силите на САД и НАТО во Источна Европа, нивното сегашно распоредување е „ограничено, пропорционално и целосно во согласност со обврските од Основачкиот акт НАТО-Русија“, се наведува во документот, додавајќи дека сојузниците „ќе ја зајакнат одбраната доколку Русија изврши инвазија врз Украина“.

САД се подготвени да ги продолжат разговорите со Москва за стратешката контрола на вооружувањето, вклучувајќи ги и ограничувањата за распоредување балистички ракети и нуклеарни бомбардери.

Русија ги негираше плановите за напад на Украина и постојано изјавува дека воената инфраструктура на Западот долж нејзините граници ја доживува како закана. Во декември Москва предложи САД и НАТО да потпишат правно обврзувачки договори за ова прашање.

На оваа тема вчера за прв пат зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин и истакна дека писмените одговори испратени до Москва покажуваат дека Вашингтон не ги почитува „фундаменталните“ безбедносни грижи на Русија. Слични забелешки во однос на западната позиција претходно имаше и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.