Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Елефтерос типос“: Засилени меѓународни притисоци за решавање на името

0
By Нова ТВ on December 30, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По последните внатрешно – политички случувања во Грција, обвинувањата на релација власт -опозиција и јазот меѓу коалициските партнери во Владата поради прашањето со името, изминатите неколку дена Македонија е една од главните теми во грчките медиуми.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, неделното издание на весникот „Елефтерос типос“ на три страници ги анализира македонско – грчките односи. Во првиот дел, во анализата под наслов „Се згуснуваат меѓународните притисоци за решавање на скопското прашање“, предупредува дека во следниот период, а особено пред НАТО Самитот во јули следната година, не е исклучена можноста да се зголемат меѓународните притисоци за решавање на долгогодишниот спор. Според весникот, САД веќе имаат многу посериозни проблеми како што се Блискиот исток и Турција и не би сакале уште еден проблем на Балканот.

– И изјавите на американскиот амбасадор во Атина Џефри Пајат за поддршка на Грција и оптимизам за решавање на прашањето, го откриваат расположението на Вашингтон.  Но, и покрај тоа, се чини дека не постојат притисоци кон Атина, но не е исклучена можноста дел од силните европски држави членки на НАТО, а веројатно и Германија, да побараат  во првата половина на 2018, да се обезбеди „ветување“, според кое Скопје прво ќе добие потврда дека ќе влезе во организацијата, а потоа, сѐ до нивната конечна интеграција, ќе се водат преговори за решавање на спорот со името, наведува грчкиот весник и тврди дека за ваквото сценарио е согласен голем дел од власта кај нас, но Атина е категорично против.

Претставници на грчката влада, особено министерот за надворешни работи, во минатото неколку пати испратија порака дека решавањето на проблемот со името е предуслов за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

„Елефтерос типос“ пишува дека во прашањето за името не се очекуваат суштински случувања до пред крајот на јануари, за кога е закажана втората средба на медијаторот со преговарачите од двете земји.

– Сите очекуваат да видат дали ќе се договори нешто со Скопје и кој ќе биде предлогот за конкретно име. На крајот на јануари се очекува да се одржи втората средба на Метју Нимиц, специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН за името со претставниците на Грција и пјРМ. Не е исклучена можноста, господинот Нимиц, да состави и конкретен предлог за името, пишува грчкиот весник, а ја спомнува и веројатноста во Македонија, решението да оди на референдум, нешто што, како што тврди новинарката, земјите како САД, Велика Британија, а особено Германија не посакуваат да се случи поради „видливата опасност граѓаните да гласаат против“.

Во опширната анализа, како што пренесува МИА, весникот прави и ретроспектива на македонско – грчките односи уште од Југославија до денес. Под наслов: „26 години трае серијалот со името“, весникот ги наведува најважните моменти, односно како што пишува „сите епизоди на скопското прашање“.

– Поминаа повеќе од 26 години, „жешкото“ прашање со името на соседната земја, продолжува да осцилира на грчката политичка сцена. Серијлот со името има многу епизоди: демонстрации, состаноци на лидерите на политичките партии, вето во НАТО и ЕУ, Времена спогодба итн. Денес, се надзира расположение од соседите за компромис во прашањето за името. Но, владата на СИРИЗА и Независни Грци се чини дека не може да се справи со ситуацијата, анализира весникот и индиректно упатува критики до актуелната влада на Грција дека нема заедничка и единствена позиција за конкретното прашање, поради различните позиции на коалицискиот партнер Панос Каменос.

На официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Грција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, во делот посветен на прашањето за името и хронологијата на проблемот, како јасна грчка позиција се наведува: сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, ерга омнес, односно за севкупна употреба и внатрешна и меѓународна. Токму ова го споменува и весникот во анализата со коментар дека со самото тоа што учествуваат во владата и ја поддржуваат истата, Панос Каменос и Независни Грци, го прифаќаат овој став. „Елефтерос типос“, земајќи го предвид фактот што заменикот на Никос Коѕијас, Теренс Куик е член на партијата на Каменос, го поставува прашање „како тој ја брани оваа позиција за името на неговите средби со странските функционери?“.

Весникот коментира дека во спорот со името, Грција можеби во минатото изгуби повеќе битки – особено оние со признавањата од други земји, но не ја загуби војната и од неа може да излезе како победник. Потребно е само „да биде подготвена за околностите, да достави јасен предлог, да преговара цврсто и на нејзина страна ќе ја има најголемата политичка поддршка“.

„Елефтерос типос“ прави ретроспектива на најважните моменти во односите меѓу Македонија и Грција, а повикувајќи се на свои извори ги спомнува имињата за кои се разговарало во минатото: Славомакедонија, Новомакедонија, Македонија – Скопје, Вардарска Македонија, Горна Македонија, Планинска Македонија, Нова Македонија, Уставна Република Македонија, Демократска Република Македонија, Независна Република Македонија, Нова Република Македонија, Република Горна Македонија.

Грција Македонија Метју Нимиц преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.