ЕЛЕМ го поништи тендерот за изградба на проектот „Рајска градина“ во Аеродром, кој според првичните проценки, требаше да биде вреден 900 милиони денари, односно 14 и пол милиони евра, а да се изгради на површина од 15 хектари.

ЕЛЕМ образложува дека причина за поништување на тендерот е тоа што се „поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди“.

Според плановите, изградба се состои од четири фонтани високи до 13 метри, реплика на Венера Милоска, антички ликови, лавови и грифони. Треба да се изгради покрај Вардар, веднаш до седиштето на ФФМ во општина Аеродром.

Во паркот е предвидено да шетаат елени, срни, ретки видови птици, фазани, пауни, а среде паркот треба да има голем кафез со мајмуни и други парчиња како дел од комплексот.