Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега, Владимир Путин се согласни „за потребата од деескалација околу украинската криза и продолжување на дијалогот“, соопштија попладнево од Елисејската палата по денешниот видео разговор меѓу двајцата државници

Претседателот Путин не изрази никаква офанзивна намера. Тој јасно кажа дека не бара конфронтација, се нагласува од Париз.

Сепак, на крајот од видео разговорот постојат големи разлики. Путин ја потврдил посветеноста пред Макрон за преговорите за Украина, но повтори дека на Русија, исто така, ѝ се потребни безбедносни гаранции.

Рускиот претседател од своја страна го повикува Западот да не предизвикува „паника“.