Published: Monday, December 31, 2018 19:04
Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, денеска направи голем чекор напред кон претседателските избори, објавувајќи видео-порака и е-порака до приврзаниците дека формира истражувачка комисија пред очекуваната кампања за номинацијата на Демократите во 2020 година.
Со нејзиното соопштение 13 месеци пред кампањата во Ајова, Ворен, која стана прогресивна ѕвезда со преземање на Вол Стрит по финансиската криза во 2007 година, е првиот демократ со национален профил кој презема формални дејства кон најверојатната претседателска кампања.




