Приоритет на британската Влада е да излезе од Европска Унија на 31 октомври, изјави денеска кралицата Елизабета Втора во нејзиниот говор во Парламентот.
Таа рече дека го поддржува планот на премиерот Борис Џонсон, да „работи на ново партнерство со ЕУ, заснован на слободна трговија и пријателска соработка“.
Кралицата Елизабета Втора наведе и дека британската Влада по излегување од ЕУ ќе обезбеди државата и понатаму да има водечка улога на светската сцена, како и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси.
– Мојата Влада ќе биде во првите редови при решавање на најкомплексните меѓународни безбедносни проблеми, истакна кралицата.
Во говорот, Кралицата спомена 26 закони кои ги прелага владата на Џонсон, меѓу кои поостри казни за криминалците, за здравствена заштита и гриѓа за постарите, како и за намалување на загадувањето со пластика.
Но, како што коментираат аналитичарите, поради тоа што Џонсон нема мнозинство во Парламентот, можно е голем дел од овие предлози никогаш да не станат закони. Доколку оваа агенда на Џонсон не добие поддршка, аналитичарите велат дека повторно ќе има барање за предвремени избори.





