Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Емил Димитриев не сака техничка Влада со долг стаж како неговата

0
By Нова ТВ on December 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што ако лидерите на лидерите на партиите утре се договорат околу кадровското екипирање и формирање на техничката влада, која би можела да стартува со својата работа уште на 3 јануари за кога е предвидено повлекувањето на Зоран Заев од премиерското место. Дали едно такво триумфално лидерско подавање рака во зградата на „Илинденска“ е гаранција дека изборите сигурно ќе се одржат на 12 април наредната година, како што веќе беше договорено, со оглед на тоа што Собранието во таков случај ќе треба да се распушти некаде на средината на февруари, а дотогаш сè е можно, како што впрочем се уверивме и при последните парламентарни избори. Неизвесноста ќе остане без оглед што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот предновогодишен брифинг со новинарите уверуваше дека за одложување на изборите е неопходен консензус.

Познато е за јавноста дека првиот преоден премиер Емил Димитриев наместо 100 дена, ја водеше техничката Влада една и пол година. Иако во договорот од Пржино остана запишано дека изборите треба да се одржат на 24 април во 2016 година, тоа се случи со осум месеци задоцнување, откако тогашниот премиер Никола Груевски поднесе оставка на 15 јануари и го овласти Димитриев.

Во февруари се изгласа распуштање на парламентот, но опозицијата најави бојкот поради непрочистениот избирачки список, па одлуката беше отповикана. Потоа и јуни беше споменуван како можен датум, но целата работа на крајот се развлече до 11 декември кога граѓаните се упатија кон гласачките места. Димитриев, кој е пратеник во актуелниот собраниски состав во изјава за Нова ТВ вели дека пролонгирањето на времетраењето на техничката влада носело со себе многу отежнувачки околности во нејзиното функционирање.

„Според нашето законодавство, ова значеше пролонгирање на предизборниот и изборниот период, период кој трае од распишување на изборите до формирање на нова влада. Во овој период на сила се сите ограничувања кои важат за период на избори, не можете да промените никаков план или програма или да креирате нова, на сила се ограничувања за доделување концесии, исплата на субвенции, вработувања или унапредувања и сл. Парламентот не беше формиран и пола од мандатот на таа влада помина без функционално Собрание, без кое било која Влада не може да функционира. Тешко се менаџираше со персонални решенија кои не биле именувани од мене и на еден начин не чувствуваа одговорност кон мене“, вели Димитриев за Нова ТВ, нагласувајќи дека за одредени прашања се јавиле разлики помеѓу членовите на владата и раководството на партијата.

Тој не ја исклучува можноста и во наредниот период да се повтори истото сценарио, но лично не би сакал тоа да се случи.

„Поучен од моето искуство техничка влада не треба да трае ни ден повеќе од предвидените три месеци. На земјата и треба Влада со полн легитимитет, огромни предизвици се пред нас ќе биде потребно мудро водство“, вели Димитриев.

Преодната Влада под патронат на САД и ЕУ беше предвидена како ад-хок решение за политичката криза што произлезе од „бомбите“ од кои слушнавме се и сешто, па и за изборните злоупотреби и прекршувања на избирачкото право на граѓаните од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Таа криза со себе носеше и безбедносни ризици и закани не само за Македонија, туку и за целиот регион.

Според договореното во „Пржино“, предвидено е да се избере нов министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика на предлог на опозицијата, по претходна консултација со владејачкото мнозинство. Таа предвидува и дополнителни заменици министри за надворешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката партија. На предлог на опозицијата ќе има дополнителни заменици министри во ресорите финансии, земјоделство и администрација и информатичко општество.

Релативно свежи се сеќавањата дека преодните министри и дополнителни заменик-министри од СДСМ – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Љупчо Николовски, Кире Наумов и Александар Кирацовски – во таа 2016 година двапати беа избирани на функциите, и дека при самото функционирање на техничката Влада се случуваа постојани меѓупартиски обвинувања за опструкции во меѓусебно поделените сектори.

„Овој профил на влада единственото оправдување за своето постоење го црпи од ниското ниво на демократија и силното влијание на политиката врз институциите. Интенцијата на техничката влада е да се направи каков таков баланс во политичкото влијание и меѓусебна контрола на политичките партии во спроведувањето на изборите. Во нормални околности, до крај не сум сигурен од потребата на техничка влада“, вели Димитриев.

Тој смета дека Владата која ја предводел работела во исклучително комплексни услови.

„Државата беше во дотогаш една од најсилните политички кризи, во тој период се соочивме со огромна мигрантска криза која со себе носеше и голем безбедносен ризик, имавме интензивна меѓународна комуникација, итн. И сето тоа, наместо да заврши во првично предвидениот рок, се пролонгира од три на шеснаесет месеци на функционирање. Од оваа дистанца апсолутно сум убеден дека таа Влада направи максимум, организиравме избори за кои немаше никакви суштински забелешки од било кого, со мигрантската криза се справивме достоинствено, ако се земат предвид ресурсите на земјата и повеќе од тоа. Нивото на реализација на програмата посебно капиталните проекти беа со двојно поголема реализација од сега, во такви околности се оддржа безбедноста на земјата, работевме на континуитетот на стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ. За мене една од најважните работи е дека во оваа работа влеговме и излеговме со чист образ т.е без никаков скандал или афера“, нагласува Димитриев.

Емил Димитриев Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.