Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„360 Степени“ во синоќешното издание објави документи за купени парцели во делчевско од страна на ЕВН Електрани – предистрага води ЈО и Финансиската полиција

0
By Mirjana on November 16, 2021 ПОЛИТИКА
Foto: Faktor.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 16, 2021 08:45

Емисијата 360 степени во синоќешното издание објави сторија, според која ЕВН Електрани, како фирма ќерка на ЕВН Македонија, имала купено најмалку 7 парцели во околината на Делчево со цел на нив да постави фотоволтаични централи за производство на електрична енергија.

Репортерот на 360 степени во сторијата објавува документи за две од тие парцели чии продавачи , успеале да им ги продадат на ЕВН Електрани по 800 денари за метар квадратен а ги купиле за само 15 – 20 денари за метар квадратен, три недели претходно.

Според сторијата на 360 степени, еден од продавачите Дарко Т. Земјиштето од 6.780 метри квадратни го наплатил близу 85 илјади евра што пресметано изнесува без малку 760 денари по метар квадратен, а другиот продавач Влатко И. Парцела од 38.243 метри квадратни ја продава за половина милион евра или пресметано по метар квадратен, 800 денари м2.

Купопродажните Договори  ЕВН Електрани со овие лица/продавачи ги склучил на 21.09.2021 година или неполна недела пред стартот на изборната кампања за локалните избори и се обврзала дека средствата ќе ги исплати за 14 дена од денот на склучување на купопродажниот договор.

Она што е сомнително, наведува во репортажата 360 степени било тоа што двајцата продавачи Дарко Т. и Влатко И. сопственици на земјиштето, пред да и го продадат на ЕВН Електрани, стануваат три недели претходно, на први септември.

Влатко И. На парцелата станува сопственик без пари, односно таа му била подарена, покажуваат документите што ги објави 360 степени, а според кои на истиот ден , први септември, тој поднесол даночна пријава за данок на наследство и подарок кој е 5 %. Врз основа на пресметаниот данок се испоставува дека тој парцелата ја купил за 15 денари по метар квадратен. Додека другата парцела била купена за 20 денари м2, а на ЕВН Електрани им биле продадени три недели подоцна за без малку 760 односно 800 денари за метар квадратен.

Она, што дополнително фрла сомнеж на случајот кој го пријави вицепремиерот за борба со корупцијата, Љупчо Николовски, е што како управители на договорите во име на ЕВН Електрани, се потпишани извесен Мирослав Митровски од Скопје и Игор Гиевски кој е поранешен советник во Советот на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

И двајцата продавачи на земјиштето , наведува во репортажата 360 степени, биле на некој начин поврзани со опозициската партија. Дарко Т, кој бил советник во Општина Делчево од 2013-2017 година од ВМРО-ДПМНЕ  а Влатко И. е или бил член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето што останува нејасно е на чие конто и каде завршиле парите од овие зделки. СДСМ тврдат дека тие завршиле во ВМРО-ДПМНЕ како црни пари со кои била финансирана кампњата, Од оваа партија негираат и сметаат дека влста го злоупотребуба системот со самото тоа што ова се актуелизира во четвртокот кога на дневен ред во Собранието беше точката за гласање (не) доверба на Владата.

Финансиската полиција, Општина Делчево, Обвинителството како и ЕВН Електрани, засега не излегуваат со дополнителни детали во јавноста во интерес на предистрагата за случајот во кој се сомничат 6 лица меѓу кои и таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески , во чиј дом четвртокот рано наутро претрес изврши Финансовата полиција.

 

 

 

ЕВН Електрани земјиште ЈО предистрага финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.