Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕМОФ 2025: Македонија домаќин со рекорден број учесници

0
By Marija Todorovska on July 18, 2025 ВЕСТИ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 18, 2025 14:12

Македонскиот олимписки комитет ја претстави младинската олимписка делегација која ќе ја претставува Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Оваа година, земјата ќе настапи со рекорден број од 203 учесници, меѓу кои 181 спортисти, придружени од тренери, официјални лица и доктори.

Фестивалот што ќе се одржува од 20 до 26 јули во Скопје ќе обедини над 6000 учесници, вклучувајќи 4300 спортисти и тренери, 700 судии и официјални лица, како и голем број волонтери, со делегации од 50 земји.

Македонија досега учествувала со околу 50 спортисти, но овојпат прави историски чекор со далеку поголема екипа.

Македонските спортисти ќе се натпреваруваат во сите 14 спортови што се дел од ЕМОФ меѓу кои се баскет, велосипедизам, ракомет, џудо, стрелаштво, пливање, таеквондо, одбојка, пинг понг,  атлетика… Натпреварите ќе се одржуваат на повеќе локации во Скопје и Куманово, а  единствено натпреварите по гимнастика ќе се одржат во Осиек, поради недоволни услови за организација во земјава.

И покрај тоа што Македонија досега нема освоено медал на овие игри, надежите се високи. Организаторите најавија дека очекуваат медал во минимум четири спортови.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, изјави дека најголем капитал што ќе остане од овие игри се младите надежи.

-Сигурен сум дека ова искуство што ќе го доживеат, кога ќе станат олимпијци, сигурно ќе им помогне побрзо да израснат во врвни спортисти. Правиме приказна што ќе се раскажува во наредните генерации – овие работи не се повторуваат и не се даваат на некоја земја многу брзо, рече тој.

Покрај натпреварувањата, фестивалот вклучува и церемонии на свеченото отворање и затворање, како и тренинзи, едукативни и културни активности.

Отворањето на ЕМОФ 2025 ќе се одржи в недела со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

ЕМОФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.