Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП напладне ќе гласа за Резолуција за Северна Македонија и Албанија-предложени 17 амандмани

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 ВЕСТИ
Фото: news.err.ee
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2019 09:32

За заедничката резолуција на Европскиот парламент за која ќе се гласа напладне, се предложени вкупно 17 амандмани. Со резолуцијата се  повикуваат земјите-членки да покажат одговорност кон Северна Македонија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, јавува МИА од Стразбур.

Во предложените амандмани од страна на Обновена Европа се бара во параграфот 1 да се избрише тоа дека Северна Македонија и Албанија беа блокирани од Франција, Данска и Холандија.

Групата Обновена Европа – во која членува партијата на Емануел Макрон, бара во резолуцијата да се додаде дека „еден од аргументите во прилог на одложувањето се фокусирал на потребата за ревидирање на тековниот формат на преговорите за пристапување. Смета дека таков преглед, кој вклучува научени лекции од претходните проширувања, треба да го преземе идната Европка Комисија, заедно со законодавната работа за новиот финансиски инструмент за претпристапување (ИПА III), со амбициозна агенда за подготвеност од страна на Европскиот совет од мај 2020 година во Загреб.

Истите предлагачи доставија и амандман со кој се дообјаснува позицијата на францускиот претседател односно „дека амбициозна, кредибилна и задоволителна политика за проширување за сите страни бара процес на длабински институционални реформи на Европската унија“, забележува дека претстојната конференција за иднината на Европа ќе биде од најголемо значење за да го отвори патот за вакви реформи, а кредибилитетот на Унијата како целина и во процесот на проширување бара брзо воспоставување јасна програма за внатрешни реформи.

Европратениците Ларс Патрик Берг, Гидо Реил и Јорг Меутхе, пак, бара да се замени длабокото жалење за незапочнувањето на преговорите со „поздравување одлуката на Европскиот совет од 17 октомври 2019 година за одложување на започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија; нагласувајќи дека одбивањето на Европскиот совет да даде зелено светло за започнување на пристапните преговори, ја рефлектира загриженоста на одделните земји-членки во однос на безбедноста и благосостојбата на нивните граѓани и разумната употреба на нивните системи за социјална заштита.“

Истите европратеници се на спротивно мислење од мнозинството и со амандман бараат да се внесе во резолуцијата дека се „жали што реформите во правосудството кои имаат за цел зајакнување на независноста, одговорноста и професионалноста на судството постигнаа мал напредок“. Тие  забележуваат „со загриженост дека имало мало подобрување во борбата против корупцијата и организираниот криминал; дека корупцијата на високо ниво и сериозните недостатоци во владеењето на правото продолжуваат да ги обесхрабруваат инвестициите во Албанија и Северна Македонија и  го отежнуваат нивниот развој.“

Понатаму тие ја повикуваат новата Комисија да учи од грешките направени во претходните политики; во овој поглед се потсетува дека пристапувањето на Романија и Бугарија довело не само до одлив на мозоци, туку и до силен прилив на сиромашни мигранти во побогатите земји во Западна и Северна Европа и потенцираат дека ова создало многу социјални проблеми во многу градови и земји.

Со уште еден амандман тие нагласуваат дека апсорпциониот капацитет на ЕУ и одобрувањето на граѓаните на земјите-членки треба да биде пресуден критериум во процесот на проширување на Унијата.

Од друга страна Ката Пири и Тонино Пицула од групата на Социјалистите и демократите бараат во резолуцијата да се вметне фактот дека „со оглед на тоа што историските договори склучени со Северна Македонија претставуваат значаен дипломатски напор и политички успех; дека тие претставуваат симбол на стабилност и помирување низ целиот регион на Западен Балкан; со оглед на тоа што овие договори го подобрија и духот на добрососедските односи и регионалната соработка и го отворија патот за европска интеграција на таа земја“.

Грчките европратеници од Сириза бараат исто така да се вметне во резолуцијата дека „историскиот Договор од  Преспа со Грција, го реши долгогодишен спор и обезбеди регионална соработка и добрососедски односи во регионот“.

Тие исто така изразуваат длабоко разочарување од неможноста на Унијата да се согласи за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, заради блокирањето на Франција, Данска и Холандија, забележувајќи дека оваа одлука го покажува недостаток на визија на Унијата и кризата со којашто таа се соочува.

Северна Македонија вчеравечер доби речиси неподелена поддршка од најголемите политички групации во Европскиот парламент за почеток на преговорите со ЕУ. Повеќе пратеници остро го критикуваа ветото на Франција на самитот на ЕУ минатата недела и побараа итна промена на одлуката, објави Дојче веле.

Францускиот претседател Емануел Макрон сепак имаше и сојузници во Европскиот парламент кои ја поддржаа неговата одлука, иако веројатно ќе биде загрижен што таа доаѓаше единствено од неколку француски пратеници, како и од радикалната десница и популистичките партии како германската АфД и италијанската Северна Лига.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.