Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епа паси македонче…

0
By Zoran Ivanov on April 3, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2026 12:34

Борче Трајковски: Во јатото леташ, во стадото пасеш …? Епа …

На сите оние на кои им требаа дополнителни докази за сторени тешки коруптивни дејанија, за фалсификување избори со фиктивни гласачи, со лажни лични карти, со исклучени лифтови, ендеци и жолти ленти оклу рестораните на непослушните, за укинувањето на надоместоците на семејството на Проески заради тоа што биле “комуњари“, за начинот на кој се полнела партијската каса на ДПМНЕ со лажни уплати, и редица други слушнати неправилности со кои се злоупотребувала власта, не можеме да им помогнеме. Тие и после слушнатото, се во истото стадо …

Ги читам коментарите после оставката на Ленче Ристоска и воопшто не се чудам, ниту се запрепастувам.

Стадото е исто.

Џабе е да им нацрташ, дека Ленче бараше и прибираше дополнителни докази поврзани со оние кои ги слушнала во “бомбите“ и дека ги собра. Не еден туку илјадници докази собра за да пред судовите докаже дека нејзините обвиненија се издржани.

Тоа со што се соочи и Ленче и сите ние кога нејзините предмети се појавија во сите нивоа на судовите па и пред “Сфаровски“ судиите во Апелација, и начелните мислења на Врховниот судски апаш, за припадниците на стадото се исправни судски одлуки.

Воопшто не им е битно дека одредени обвиненија застареа со адвокатските игри на дупките во законите креирани од сите политички арамии кои биле на власт во Македонија, со прашината во апелациските фиоки.

За припадниците на “стадото“ многу побитно е дека предметите не добиле судски завршници, дека застареле заради несоодветно управување на обвинителите, дека СЈО зимале големи додатоци. И гајле им е на припадниците на стадото.

Никој не се дрзнува да искоментира за милионскиот залог на Мијалков со Вилма, например, да се запрашаат: ако Ленче земала големи додатоци на платата, тогаш од каде му се на Мијалков 36 милиони евра со кои се испазарил за да добие минимална затворска казна во хотелски услови, а заради кои Ленче го стави во притвор и не дозволуваше да излезе за да се брани од слобода…?

Знам дека и после ваков статус, тие од стадото ќе се однесуваат вообичаено, како овчички.

Епа паси македонче …

Извор: Фејсбук

 

Борче Трајковски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.