Вкупно 315 луѓе починале, а 20 000 се заразени од сипаници во покраината Катанга во Конго, соопштија денеска ОН, објави агенцијата Петриа.
Се стравува дека бројот на починати е многу поголем поради непристапниот терен за лекарските екипи.
Епидемијата на сипаници постојано се зголемува и се шири“, се вели во соопштението на Канцеларијата за хуманитарни акции, при што додаваат дека за вакцинирање и лекување ќе бидат потребни 2, 4 милиони долари.
Во епидемијата во 2010 и 2011 година настрадаа 1085 луѓе, а беа заразени 77 000. Епидемијата е на стотина километри, јужно од рудниците на бакар и кобалт каде се уште нема заболени.
Степенот на смрттност од сипаници во развиените земји е многу низок, а во сиромашните може да биде и до 20 проценти. Вакцинирањето чини само еден долар.




