Published: Thursday, January 14, 2016 13:16
Двегодишната епидемија на ебола официјално е завршена, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Последната земја каде што е направен негативен тест на ебола е Либерија. Во Гвинеја и Сиера Леоне веќе беше прогласено дека го нема вирусот.
Според официјалните бројки, еболата одзеде 11.315 животи, но се верува дека во реалност овој број е доста поголем.
Долгорочните ефекти од еболата сè уште се непознати, а некои луѓе кои заздравија се уште чувствуваат последици од болеста.




