Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епидемиологот Мургоска Станимировиќ: Можно е зголемување на бројките, неопходна е поголема имунизација

0
By Sashko on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Може да се очекува зголемување на бројките на новозаразени со ковид-19, а најголеми причини се недоволниот процент на вакцинација, непочитување на мерките и студениот есенски и претстоен зимски бран кој ќе наложи престој во затворен простор, оценува епидемиологот Тања Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје. Иако нема екстремни зголемувања како лани, сепак треба поголема имунизација на населението.

Ако се има предвид малиот опфат со две дози на вакцина, фактот дека голем број на лица кои прележале ковид може повторно да се заразат, можни се реинфекции, кај луѓето кои минале повеќе месеци од прележувањето, како и доаѓањето на студениот бран кога ќе мора повеќе да се престојува во затворен, непроветрен простор. Треба да очекуваме пораст на бројот на новоинфицирани во наредниот период, доколку не се придржуваме на препорачаните мерки и не се зголеми опфатот на вакцинација, додека не го постигнеме она препорачано ниво од 80-90 проценти на примени две дози на вакцина, вели Мургоска Станимировиќ.

Таа додаде дека меѓу 419-те активни случаи на ковид-19 во Прилеп во моментот, најмногу ги има возрасните над 65 години и лицата од 20 до 39 години.

Меѓу заразаните се и вакцинирани со две дози, но, генерално, се со поблаги симптоми и кај нив пократко трае заразата. Во модуларната болница се хоспитализирани 22 пациенти и состојбата со денови е непроменета. Од почетокот на овој месец забележан е пораст на новозаразените. Во првата недела од ноември беа 187, а минатата 185 новозаболени. Во октомври просечно неделено новозаболени беа по 110. Сепак, ова не е големо зголемување и не станува збор за екстремно зголемување на бројот на новозаболени. Во споредба со лани, во ноември, кога беше пикот, неделно беа по 427 новозаразени со ковид-19, истакна Станимировиќ.

Според Мургоска Станимировиќ ситуацијата во училиштата се смета за контролирана и стабилна со сегашните бројки на новозаразени.

„Минатата недела се регистрирани 19 позитивни ученици, а 72-ца се ставени во изолација. Редовно ја следиме состојбата во училиштата. Засега сметам дека е состојбата во училиштата е под контрола и овој момент сѐ уште е стабилна, вели епидемиологот Тања Мургоска Станимировиќ.

епидемиолог Ковид-19 Македонија Тања Мургоска Станимировиќ ЦЈЗ Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.