-Одлуката да се блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија е стратешка грешка. Ја истакнавме улогата и одговорноста на Емануел Макрон во отфрлањето и влијанието што ваквата одлука го има врз нарушувањето на кредибилитетот на ЕУ, напишаа од Европската народна партија на Твитер.

Оваа порака доаѓа во време кога во Европскиот парламент ќе се гласа за заедничката резолуција  како поддршка за Северна Македонија и Албанија. Со резолуцијата се  повикуваат земјите-членки да покажат одговорност кон Северна Македонија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба.

Во меѓувреме и група пратеници од различни пратенички групи во Европскиот Парламент преку фотографија на која држат знамиња на Северна Македонија и Албанија, ја искажаа својата поддршка за земјите да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ.