Турскиот претседател ги повика САД да го екстрадираат Фејтула Ѓулен кој, според Ердоган, е одговорен за обидот за пуч.
“Америка, морате да ја екстрадирате таа индивидуа”, викна Ердоган пред огромна толпа поддржувачи собрани на плоштадот Таксим во Истамбул. Кој е Фејтула Ѓулен?
Ѓулен е најголемиот непријател на Ердоган. Тој живее во Пенсилванија и не само што тврди дека нема никаква врска со обидот за воен удар туку и силно го осуди пучот.
“Страдав самиот од повеќе воени удари во текот на последните 50 години и сметам дека е навистина навредливо да бидам обвинет за било каква врска со овој обид. Најсилно ги отфрлам овие обвинувања”, изјави Ѓулен.
Кој е Фејтула Ѓулен?
Тој беше во 2002 година сојузник на партијата на Ердоган – Партијата на правда и развој – затоа што со нив го дели религиозниот конзервативизам. Со самото тоа Ѓулен си обезбеди големо влијание во судството и полицијата.
Но во 2013 година доаѓа до прекин на пријателството поради корупциски скандал во кој се вовлечени многу блиски на Ердоган.
Повеќе високи функционери на партијата на Ердоган се уапсени а власта го обвинува движењето на Ѓулен – Хизмет – дека креира паралелна држава.
Борбата за превласт се трансформира во масивни чистки во судството и полицијата како и кај медиумите и граѓанското општество.
Оттогаш движењето Хизмет е окрактеризирано како терористичко. Но ова движење на Ѓулен отсекогаш го отфрлало мешањето на армијата ви политиката.
Но за Ердоган, нема сомнеж дека Ѓулен стои зад обидот за пуч заедно со “надворешни сили”.
“Убивме четворица и сега убиваме и петти”
Илјадници поддржувачи на Ердоган се собрани во Истамбул, градот во кој Ердоган беше градоначалник. Тој зборуваше исправен пред десетици турски знамиња.
И во Анкара поддржувачите на Ердоган се собраа пред парламентот но во главниот град нивниот број не е така голем. Претседателот на Твитер побара од неговите сограѓани да “продолжат да бидат газди на улиците… бидејќи нов излив на насилство е се уште можен”, напиша тој.

На едно видео снимено на мостот на Босфор во Истамбул се гледа телото на мртов војник покриен со крв.
“Убивме четворица и сега убиваме и петти”, изјавува авторот на видеото и вреска “Алах е голем” и “неверници”.
Во локалните весници се појавуваат фотографии на војници врз кои се истура лутината на насобраните поддржувачи на Ердоган а весникот Сочу тврди дека на еден војник му бил исечен гркланот.