Турција досега отпуштила стотици државни службеници и ги зголемила надлежностите на претседателот Реџеп Таип Ердоган над националната разузнавачка служба МИТ, покажуваат двата декрети објавени денеска.
Со чистките спроведени во земјата по неуспешниот пуч минатата година, отпуштени се или суспендирани над 150.000 службеници и функционери, додека околу 50.000 луѓе се во затвор, меѓу нив војници, полицајци и државни службеници.
Според најновите декрети објавени во службениот весник, отпуштени се 900 државни службеници, воени лица, унверзитетски професори, вработени во министерствата за правда, внатрешни работи и надворешни работи а деградирани се и 10 генерали кои се во пензија.
Истовремено затворени се три здруженија и три медиуми од југо-истокот на земјата каде мнозинството население се Курди
Според еден од декретите, за да се спроведе истрага над шефот на разузнавачката агенција МИТ или за да може да сведочи, ќе биде потребна дозвола од претседателот.
Правните промени отвораат пат и за истраги за пратениците за наводно злосторства извршени пред или откако се избрани на функцијата.
Во април годинава Турција спроведе референдум за реформи со кои претседателот Ердоган доби огромни извршни овластувања а се укинува и функцијата премиер. Реформата влегува на сила по изборите во 2019 година.
Во Турција на сила е вонредна состојба по пучот од јули минатата година, по што започнаа и чистките во администрацијата, под обвинение дека се дел од мрежата на Абдула Ѓулен и неговото движење Хизмет, кој се наоѓа во егзил во САД и за кого Анкара бара екстрадиција дека наводно стои зад пучот. Ѓулен тоа го негира.




