Published: Tuesday, July 21, 2015 14:44
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги осуди одговорните за нападот во Суруч, во кој загинаа најмалку 28 луѓе. Во експлозијата во градот близу сириската граница, најмалку 100 беа повредени.
„Длабоко жалам поради смртта на 28 граѓани и ранувањето на голем број луѓе како последица на терористичкиот чин. Од името на мојот народ, ги проколнувам и ги осудувам извршителите на оваа бруталност“, рече Ердоган.
Во Суруч се наоѓа еден од најголемите бегалски кампови, во кој во моментов се сместени околу 35.000 бегалци од Сирија.




