Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одобри составот на привремената влада, предложена од премиерот Ахмет Давутоглу, каде што за првпат е вклучена и една курдска партија.
Али Хајдар ќе биде министер за прашања за Европска унија, а Муслим Доган ќе биде министер за разој. Двајцата се членови на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), а досега беа пратеници во Парламентот.
Министер за надворешни работи ќе биде досегашниот заменик-министетр Феридун Синирлиоглу. Министер за економија и за финансии остануваат Нихат Зејбекчи и Мехмет Шимшек, а за министер за енергетика е назначен Али Риза Алабојун.
Ердоган го овласти Давутоглу да формира привремена влада, која ќе раководи со земјата до новите избори, што ќе се одржат на 1. ноември.
Привремената влада е формирана откако пропаднаа двомесечните за формирање на владејачка коалиција по изборите на 7. јуни, кога владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) првпат од 2002 година го изгуби мнозинството.




