Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека неговите коментари за претседателскиот систем во Германија за време на Хитлер се погрешно интерпретирани од медиумите.
Едоган, доцна синоќа при враќањето до Саудиска Арабија, на прашањето дали извршниот претседателски систем е можен со истовремено одржување унитарна структура на државата, изјави дека за тоа веќе постојат примери.
-Тоа можете да го видите во примерот на Хитлерова Германија, а после тоа имаше и примери во други држави, изјави Ердоган.
Денеска од неговиот Кабинет објаснуваат „медиумите ја искривиле“ метафората на Ердоган и ја претставиле со спротивно значење.
– Претседателот сакаше да каже дека извршно претседателство може да постои во унитарна држава и дека тоа не зависи од федералниот систем на управување, како и тоа ни претседателскиот ни парламентарниот систем не гарантираат дека нема да има злоупотреба на моќта, се наведува во соопштението.
Ердоган сака да го промени Уставот, со тоа што сегашната церемонијална тутула на претседателот би станала извршна, по примерот на САД, Русија или Франција.
Опозицијата исто така се залага за уставни промени, но е против предлозите на Ердоган, стравувајќи дека тоа би било премногу моќ во рацете на еден авторитарен лидер.




