Published: Wednesday, November 11, 2015 12:25
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека политичката несигурност во земјата може да се реши само со воведување еднопартиски систем.
Говорејќи на состанок во Анкара, тој рекол дека враќањето на владејачката партија АК на еднопартиски систем на владеење по изборите, на кои освои околу 50 проценти од гласовите, и овозможува на Турција да ги реши регионалните прашања.
Во врска со учеството на Русија во судирите во Сирија, Ердоган упатил „пријателско предупредување на оние кои додаваат гориво на судирот, само за да се најдеме сите во истиот пожар“.




