Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Ќе одговара ли човештвото за смртта на три-годишното момче?

0
By Нова ТВ on September 4, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 4, 2015 12:04

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги обвини земјите од Европа дека Медитеранот го претвориле во гробница за бегалците.

Осврнувајќи се на фотографијата со безживотното тело на тригодишното дете од Сирија кое се удави во потонат брод, Ердоган ја праша јавноста дали за оваа трагедија ќе одговара цело човештво.

– Во Медитеранот не се дават само мигранти, туку и нашата хуманост, вредноста која нас нè прави она што всушност сме. Бегалците се препуштени на својата судбина на вратите на Европа, праќањето на мигрантите во смрт со потопувањето на бродовите и нечовечкиот однос кон нив на границите се поединечни примери на болната реалност. Показатели се и мртвите тела на жените, децата и старите кои се удавиле во Средоземното и Егејското море во обид да дојдат до мир и благосостојба. Секој изгубен човечки живот е по една рана на нашите срца. Но од тие кои се одговорни за тие животи, не слушнавме, ниту видовме ни тронка каење, ниту грижа на совест, рече Ердоган.

Воедно Ердоган смета дека Западот не може да ги трпи ниту бегалците кои стигнале на нејзина врата и ја изгубил довербата во јавноста дека сака мир во Ирак, Сирија и Либија.

– Отворено ќе ви кажам што се случува. Во Либија и Ирак има нафта и зарем тие не сакаат да ја преземат? Западот сега има 80 отсто од нафтените извори во Ирак. Тие управуваат со нив и го собираат кајмакот. За останатите 20 отсто велат „ете и за вас“. Истото е и во Либија. Сè додека е така, оваа светска структура е неприфатлива, тврди Ердоган.

Според него, денес не функционира безбедносниот систем кој во светот беше воспоставен по Втората светска војна.

Обраќајќи се на отворањето на економската конференција во Анкара, група која ги претставува деловните луѓе од земјите од Г20 предупреди дека не смее да се заборави дека тероризмот може да го сруши цел свет, без оглед каде почнал.

Според Ердоган, економската конференција нема да ги оствари целите доколку се занимава само со економскиот просперитет на земјите од Г20, без воспоставување на мир благосостојба и безбедност на глобално ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.