Америка ја откриле муслиманите во 12.век а не Кристофер Колумбо, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Контактите меѓу Латинска Америка и исламот датираат од 12-от век. Муслиманите ја откриле Америка во 1178 година. Муслиманските морепловци стигнале во Америка во 1178 година. Колумбо споменува постоење на џамија на едно брдо на кубанскиот брег – рече Ердоган во говорот за време на самитот на муслиманските лидери од Латинска Америка во Истанбул и додаде дека би сакал да разговара со „кубанските браќа за изградба на џамија на тоа место“.
Историските книги пишуваат дека во 1492 година Колумбо станал првиот странец кој стапна на американско тло на својот пат до Индија.
Муслимански историчари и теолози неодамна го доведоа во прашање тоа откритие, тврдејќи дека пред Колумбо стигнале муслимани, иако не постои ниту една откриена трага на нивното присуство.




