Турскиот претседател Реџеп Ердоган ги повика граѓаните да ги разменат странските валути во злато и локални лири, за да се стимулира националната економија, откако вредноста на лирата продолжи да паѓа во однос на доларот.
– Оние кои имаат странска валута под перница нека ги разменат за злато, за турски лири. Лирата нека ја зголеми својата вредноста, исто како и златото, рече Ердоган во телевизиското обраќање.
Тој говореше за „сили однадвор“ кои “играат” против Турција и порача дека на тоа може да му се спротивстави само преку размената на девизи во национална валута.
-Не грижете се, наскоро ќе ги прекинеме овие игри, рече Ердоган.
Меѓутоа, лирата продолжи вртоглаво да паѓа и за време на говорот на Ердоган, со што нејзинта вредност е 3,51 во однос на американскиот долар.
Тоа воедно е нејзината најниска вредност и најголем пад од повеќе од 1,5 отсто во еден ден.
Само во ноември лирата загуби над 10 отсто од својата вредност во однос на доларот.




