Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган повторно се закани дека ќе го блокира пристапот на Шведска и на Финска во НАТО, доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат барањата на Анкара.

„Турција ќе го замрзне процесот за членство на Шведска и на Финска во НАТО, доколку тие две земји не го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. Шведска досега не остава добар впечаток, истакна Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека поддржуваат групите кои ги смета за терористички.

Потоа, трите земји потпишаа договор на Самитот на НАТО во Мадрид минатиот месец, по што Анкара го укина ветото за влезот на Шведска и Финска во Алијансата, но под услов двете земји да ги исполнат ветувањата поврзани со наводните терористички групи и извозот на оружје.

Турција тогаш најави дека „внимателно ќе го следи“ спроведувањето на договорот пред да го ратификува влезот на Шведска и Финска во НАТО.