Турскиот премиер Рерџеп Таип Ердоган отвори можност за алтернатива за ЕУ на синоќешното интервју за турската телевизија, критикувајќи ја Унијата дека не е отворена но и целосно јасна во односите со Турција. Тој се повика на неодамнешната средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која била ставена на маса опцијата за влез во Шангајската организација за соработка, формирана 2001 год., од страна на лидерите на Русија, Кина, Таџикистан, Узбекистан, Киргистан и Казахстан.