Published: Friday, February 9, 2018 13:49
Со новиот предлог-закон што синоќа беше доставен во Парламентот во Турција е предвидено радиодифузното тело за контрола на радијата и телевизиите да има зголемени овластувања врз интернет медиумите.
Главната опозициска партија смета дека ваквиот закон ќе доведе до дигитална цензура.
Со новата регулатива контролниот орган ќе може да спречи аудио и видео материјали на интернет, објави на социјалните мрежи и филмови, доколку тие претставуваат закана за националната безбедност или пак шират неморал.




