Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕРРЦ: Над 11 000 Роми се насилно протерани од Франција

0
By Нова ТВ on January 12, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 12, 2016 15:10

Повеќе од 11.000 ромски имигранти се насилно протерани во Франција во текот на 2015.та година, соопшти Европскиот центар за права на Ромите. Според оваа организација во текот на минатата година, по 216 луѓе неделно биле протерувани од Франција.

„Повеќе од половина од оние кои живеат во сиромашните квартови биле насилно протерани од страна на властите во текот на 2015 година, а во пет случаи луѓето морале да ги напуштат своите живеалишта бидејќи им биле запалени домовите. Комитетот за човекови права и Европскиот центар за правата на Ромите сметаат дека ваквата состојба е недостојна , нечовечка и деградирачка за ромските имигранти во Франција“, се вели во соопштението.

Системските иселувања покажуваат дека целта на оваа државна политика на присилните иселувања не се спроведува заради одбрана на приватна сопственост (ова е изговор кој често се користи за оправдување) во поголем број случаи.

Резултатите од овој попис покажуваат дека скоро половина од иселениците биле насилно протерани во текот на третиот квартал од годината, што било најинтензивно во летниот период, велат во ЕРРЦ.

„Во 111 случаи на иселувања направени од страна на властите, привремено сместување добиле само 29 семејства . Во однос на петте евакуации по пожарите , итни засолништа добија само две семејства. Во 82 иселувања, семејства се најдоа на улица од страна на полицијата. Иселувања треба да бидат придружени со обезбедување на дом и социјална помош за погодените луѓе, како што е утврдено од француската влада во 2012 година“, потенцираат во Европскиот центар за права на Ромите.

Ваквата ситуација на системски иселувања е потврдена и од страна на Комитетот за елиминација на расната дискриминација, Комитетот за човекови права на Обединетите нации, како и комесарот на Советот на Европа за човекови права, кои се јасни во нивната осуда на однесувањето на Франција во односот кон Ромите.

Во 2015 година, паралелно со присилните иселувања, има зголемување на насилството, говорот на омраза и случаите на одбивање на Ромите. Ова јасно покажува на алармантниот пораст на „анти-антициганизмот“кој веќе се покажа дека е на високо ниво во Франција.

Комитот за човекови права и Европскиот центар за правата на Ромите ги повторуваат своите препораки за укинување на систематските протерувања, да се обезбеди санитација на сиромашните квартови, како и за спроведување на решенија за интеграција на семејствата преку обичајното право. Мониторингот на овие политики треба да се организира во рамките на системот на постојан дијалог меѓу локалните (општини, оддели), регионалните, националните власти, јавните актери и локални здруженија кои се активни на теренот, велат во Европскиот центар за права на Ромите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.