Есента на северната хемисфера и во земјава почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 266-ти во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6:23 часот, а ќе зајде во 18:30 часот.

Есента ќе трае до 21 декември во 23:48 часот, кога календарски започнува зимата.