Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави Габриел Ескобар денеска престојува во Приштина.
Тој ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со приштинскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфц.
Ескобар престојува во Приштина во пресрет на утрешната средба во Охрид.
Во рамките на посетата се планирани средби со лидерите на косовските институции.
Средбата со Вјоса Османи започнува во 9:00 часот, по што се закажани изјави за медиумите.
Ескобар вчера пристигна во Приштина, а во текот на вечерта се сретна со претставници на опозицијата.